• понеделник, 14 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Голема крводарителска акција во Центарот за култура во Ѓорче Петров

Голема крводарителска акција во Центарот за култура во Ѓорче Петров

Скопје, 3 април 2025 

Во организација на Општина Ѓорче Петров, Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонија, денеска во Центарот за култура се одржа голема крводарителска акција, која обедини бројни хумани граѓани под заедничка мисија – спасување животи.

Градоначалникот Александар Стојкоски, кој исто така е крводарител и даруваше крв денес, истакна дека крводарувањето е едно од најголемите хумани дела што секој може да го направи. „Секој дарител е херој. Вашиот гест може да биде од пресудно значење за некого што се бори за живот“, нагласи Стојкоски.

Со оваа акција, уште еднаш се потенцира важноста на солидарноста и заедништвото во нашата заедница. Општина Ѓорче Петров упатува голема благодарност до сите кои се вклучија и дадоа свој придонес.

Акцијата продолжува до 18 часот, а сите заинтересирани имаат можност да се приклучат и да станат дел од оваа значајна иницијатива.

Општина Ѓорче Петров

_____________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото Општина Ѓорче Петров

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан