• сабота, 06 декември 2025

Голема воена вежба на морнарицата на Иранската револуционерна гарда

Голема воена вежба на морнарицата на Иранската револуционерна гарда

Техеран, 5 декември 2025 (МИА) – Морнарицата на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) во текот на дводневната воена вежба, насочена кон одбивање на странските закани, истрела балистички и крстосувачки ракети на симулирани цели во Персиски Залив.

Иранските државни медиуми објавија за масовно истрелување на крстосувачки ракети „Кадр 110“, „Кадр 380“ и „Кадр 360“ и балистички ракети „303“ врз цели во Ормуски Теснец. Беспилотни летала истовремено симулирале таргетирање на непријателски бази.

Морнарицата на ИРГЦ вчера почна воена вежба во стратешкиот Ормуски Теснец и Омански Залив.

Претходно, Иран одржа вежби за борба против тероризмот во северозападната покраина Источен Азербејџан со земји-членки на Шангајската организација за соработка (ШОС), кои, според иранските медиуми, имаа за цел да сигнализираат „мир и пријателство“ кон соседните земји и да ги предупредат непријателите дека „секои погрешни пресметки ќе бидат дочекани од решителен одговор“. Саудиска Арабија, Ирак, Оман и Азербејџан, исто така, учествуваа во прекугранични вежби за борба против тероризмот.

ШОС е евроазиски безбедносен и економски блок формиран во 2001 година за борба против тероризмот, сепаратизмот и екстремизмот, кој често одржува заеднички воени вежби. ми/мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан