• среда, 20 ноември 2024

Голден Стејт го игнорира барањето на властите во Сан Франциско за откажување на натпреварите

Голден Стејт го игнорира барањето на властите во Сан Франциско за откажување на натпреварите
Сан Франциско, 11 март 2020 (МИА) – Екипата на Голден Стејт вориорс продолжи да биде домаќин на натпревари од НБА лигата во „Чејс Центар“ и покрај барањето на градските власти во Сан Франциско да ги откаже натпреварите поради појава на коронавирус, објавија тамошните локални медиуми. Во петокот, градот Сан Франциско издаде серија препораки, од кои едната се однесуваше за откажување на спортски настани, како дел од борбата против вирусот. Според изворите, „Воините“ не ги зеле предвид предлозите на властите. - Лично разговарав со шефот на „Воините“, Рик Велтс. Изразив желба да го сторат тоа доброволно пред да го сториме тоа во наредните денови со задолжителна итна наредба. Ова е прашање на време. Се надевам дека тие самите ќе дојдат до овој заклучок пред да ги присилиме да го сторат тоа, изјави Арон Пескин, член на Окружниот совет во Сан Франциско. зс/

Остани поврзан