• сабота, 28 декември 2024

Голден Арт КЛ7 на 4 август ги стартува подготовките за претстојната сезона

Голден Арт КЛ7 на 4 август ги стартува подготовките за претстојната сезона
Скопје, 30 јули 2021 (МИА) - Ракометниот клуб Голден Арт КЛ7 со нов стручен штаб и неколку промени во играчкиот состав, на 4 август ќе ги стартува подготовките за новата сезона во второто по ранг натпреварување во државата. - Според планот на тренинзи на новиот шеф на стручниот штаб, Никола Матлиески, подготовките ќе се реализираат во две фази. На стартот на подготовките кои ќе се реализираат во Скопје ќе се тренира на подигање на физичката издржливост, тренинзи во фитнес-центар и во сала, додека во втората фаза е предвидено да се одиграат повеќе пријателски натпревари со суперлигашки екипи. Исто така, веќе договорено учество на меморијалниот турнир во чест на ракометната легенда Миле Нешковски кој од 31 Август до 2 септември ќе се одржи во Прилеп, информираа од клубот. Подготовките ќе почнат без Емилијан Ѓорговски, Мартин Димовски, Божидар Илиески, Ѓорѓи Ерманоски и Марко Стојковиќ кои имаат репрезентативни обврски со кадетската репрезентација и планирано е да се приклучат на екипата после 15 август. Олег Јорданов кој исто така беше на списокот на кадетската репрезентација поради повреда нема да биде во можност од самиот старт да биде во комплетен тренажен процес. Во првата фаза од подготовките тренерот Матлиески, во тренажниот процес на првиот тим ќе приклучи неколку ракометари од генерацијата 2004/05 давајќи им можност да напредуваат и докажуваат во сеноирскиот тим. Првиот тренинг е предвидено да се одржи во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. зс/

Остани поврзан