• вторник, 12 ноември 2024

Голгетерот на „златната“ аргентинска генерација од 1978. Леополдо Луке почина од коронавирус

Голгетерот на „златната“ аргентинска генерација од 1978. Леополдо Луке почина од коронавирус
Буенос Аирес, 16 февруари 2021 (МИА) – Еден од најдобрите играчи на аргентинската фудбалска репрезентација на патот до титулата светски првак во 1978 година, Леополдо Џакинто Луке (71), почина од коронавирус во болница во Буенос Аирес. Луке беше еден од најдобрите фудбалери на Мундијалот" 78 на кој „гаучосите“ на домашен терен ја освоија својата прва титула светски првак. Во петте натпревари постигна четири голови и беше втор стрелец во редовите на Аргентина зад Марио Алберто Кемпес, кој со шест погодоци беше прв стрелец на тоа Светско првенство. За аргентинската репрезентација одигра 45 натпревари на кои постигна 22 голови. Луке целата своја клупска кариера ја мина во Латинска Америка, настапувајќи, меѓу другите, за Ривер Плата. Росарио, Расинг и Сантос. Најголем печат остави во екипата на Ривер Плата, со која освои пет аргентински титули и постигна 75 голови на 176 натпревари.ег/сд/

Остани поврзан