• четврток, 26 декември 2024

Годишната стапка на инфлацијата во САД во јуни се намали на три отсто, берзите реагираа со пораст на цените на акциите

Годишната стапка на инфлацијата во САД во јуни се намали на три отсто, берзите реагираа со пораст на цените на акциите

Вашингтон, 11 јули 2024 (МИА) - Годишнатата стапка на инфлацијата во САД во јуни се намали трет месец по ред, овојпат од 3,3 отсто во мај на три отсто, соопшти денеска Американското биро за статистика на трудот. На оваа вест американските берзи реагираа со зголемување на цените на акциите, пренесува Cи-Ен-Ен.

Експертите очекуваа дека инфлацијата во јуни ќе биде малку повисока и ќе изнесува 3,1 отсто. Цените на храната пораснале за 2,2 отсто на годишно ниво, а енергенсите пораснале само за еден отсто, бидејќи цените на бензините паднале за 2,5 отсто на годишно ниво.

Транспортот во САД порасна за 9,4 отсто на годишно ниво, а цените на становите за 5,2 отсто, и во двата случаи со побавно темпо од минатиот месец. Годишната стапка на базичната инфлација во САД падна во јуни од 3,4 отсто во мај на 3,3 отсто и сè уште е најниска од април 2021 година.

На месечни ниво, инфлацијата во САД падна за 0,1 отсто во однос на мај, што е првпат од почетокот на пандемијата цените во Америка да се намалат на месечно ниво. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан