• сабота, 09 ноември 2024

Годишина од формирањето на 6. Македонска народноослободителна бригада и 6. Пешадиска бригада на на АРМ

Годишина од формирањето на 6. Македонска народноослободителна бригада и 6. Пешадиска бригада на на АРМ

Охрид, 6 септември 2024 (МИА) – Со пригодна свеченост одржана во поранешната касарна на Армијата во Охрид денеска беше одбележана 80-годишнината од создавањето на 6. Македонска народноослободителна бригада и 32 години од формирањето на 6. Пешадиска бригада на на АРМ.

На свеченоста, присуствуваа генералот во пензија и поранешен пратеник во Собранието на Република Македонија, Илија Николовски, воедно и претседател на воените ветерани и резервисти на Република Македонија, генералот во пензија Филип Котели, претседателот на Сојузот на борци од Охрид, Гоце Георгиевски, претставници на СВР-Охрид, како и повеќе поранешни припадници на единицата и раководители во безбедносните служби на Армијата и полицијата

Пред построената единица од воените ветерани и резервисти на 6-та пешадиска бригада на Армијата на Република Македонија, за нејзиниот развоен пат зборуваше Добре Велјаноски, полковник во пензија и претседател на Здружението на ветераните и резервисти од одбраната и безбедноста на Република Македонија-огранок Охрид.

Во знак на почит за посебниот придонес во формирањето на 6. Пешадиска бригада, претставници на воените ветерани од единицата и ветераните од областа на одбраната и безбедноста, положија цвеќе на гробот на првиот командант на Гарнизонот на АРМ во Охрид, полковникот Јосип Хајба. аб/лв/

фото/МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан