• недела, 28 јули 2024

Годишен симпозиум на Здружението на ликовни критичари – АИКА Македонија

Годишен симпозиум на Здружението на ликовни критичари – АИКА Македонија
Скопје, 21 октомври 2022 (МИА) - „Курирање на јавното, курирање на заедничкото“ е насловен годишниот симпозиум на Здружението на ликовни критичари – АИКА Македонија, што ќе се одржи денеска во Музејот на современа уметност во Скопје. Како што е најавено, работната сесија на програмата вклучува излагања и дискусија на тема „Курирање на јавното, курирање на заедничкото“, конципирана и модерирана од Владимир Јанчевски. Учесници на симпозиумот се Ивана Мештров и Силва Калчиќ (Хрватска), Маја Ќириќ (Србија), Јане Чаловски, Биљана Тануровска – Ќулавковски и Клелија Живковиќ (Северна Македонија). Симпозиумот се организира во партнерска соработка со АИКА Хрватска и Културно-социјалниот простор „Центар-Јадро“ и со финансиска и техничка поддршка од AICA International, Министерство за култура и Музеј на современата уметност-Скопје. цр/мд/        

Остани поврзан