• сабота, 23 ноември 2024

Годинава СВР Тетово со 72 поднесоци за измамници, апелираат на внимателност при контакт со непознати

Годинава СВР Тетово со 72 поднесоци за измамници, апелираат на внимателност при контакт со непознати

Тетово, 23 ноември 2022 (МИА) - Секторот за внатрешни работи Тетово во текот на 2022 година бележи 72 поднесоци за луѓе осомничени за измама и поради честите вакви пријави од жртви апелира до граѓаните да бидат посебно внимателни во почнувањето комуникација со непознати лица поради опасноста да бидат измамени. До сторителите на ваквите измами од полицијата исто така предупредуваат дека се подложни и на затворска казна.

-Секторот за внатрешни работи Тетово потсетува дека измамите се кривично дело казниво по член 247 од Кривичниот законик, за кое е предвидена парична или затворска казна до три години. Годинава досега во Секторот за внатрешни работи Тетово пријавени се вкупно 72 измами на поединци, од кои најголемиот број се веќе расчистени и заокружени со соодветни поднесоци против измамниците, вели Марјан Јосифоски, портпатол на СВР Тетово.

Од досегашните искуства, според Јосифоски, во контактите, измамниците вешто и досетливо, најчесто измислувајќи лажни приказни често успеваат да ја остварат целта и да дојдат, пред се, до парични средства или до друг вид материјална корист.

-Граѓаните да бидат внимателни зошто во спротивно лесно можат да бидат доведени во заблуда со лажно прикажување или прикривање на факти, да бидат противправно парично или на друг начин оштетени, односно измамени, рече Јосифоски.

Полицијата порачува дека особено внимателни треба да бидат повозрасни лица кои се најчесто на мета на измамниците. ас/мд/

Остани поврзан