• вторник, 24 декември 2024

ГН на Белгија: Пол - позицијата за Верстапен, Норис удри во заштитната ограда

ГН на Белгија: Пол - позицијата за Верстапен, Норис удри во заштитната ограда
Брисел, 28 август 2021 (МИА) - Холанѓанецот Макс Верстапен (Ред Бул) ќе стартува од пол – позицијата на неделната трка во Формула 1 за Големата награда (ГН) на Белгија, откако квалификациите попладнево беа прекинати поради инцидент на патеката Спа во кој учествуваше возачот на Мекларен, Ландо Норис. Покрај Верстапен од првиот ред ќе стартува најголемото изненадување во денешните квалификации, Британецот Џорџ Расел (Вилијамс), Неговиот сонародник, актуелниот светски првак Луис Хамилтон ќе стартува од третата позиција, додека Австралиецот Даниел Рикардо (Мекларен) ќе стартува четврти. Квалификациите беа прекинати на почетокот на третата рунда кога поради силен дожд Норис излета од патека и со брзина од 300 километри на час удри во заштитната ограда. По инцидентот, Норис излезе од болидот и самиот влезе во амбулантното возило. Големата награда на Белгија е на програмата утре, со почеток во 15 часот. ег/ми/

Тагови

Остани поврзан