• среда, 27 ноември 2024

Глобалната емисија на СО2 може да се намали до седум отсто поради ограничувањата од пандемијата

Глобалната емисија на СО2 може да се намали до седум отсто поради ограничувањата од пандемијата
Њујорк, 19 мај 2020 (МИА) - Глобалните емисии на СО2 би можеле да паднат за четири до седум проценти оваа година, во зависност од јачината и должината на ограничувањата наметнати поради пандемијата на коронавирусот. Тоа се нагласува во студијата објавена денеска во списанието „Nature Climate Change“. Студијата, спроведена од европски, американски и австралиски научници, ги анализира дневните емисии на CO2 во 69 земји, 50 сојузни држави во САД, 30 кинески провинции и шест сектори на економијата, користејќи податоци за употреба на енергија на дневна основа и апликации за мониторинг на мобилност. Во 2019 година, светот испуштал околу 100 милиони тони јаглерод диоксид секој ден со горење фосилни горива и производство на цемент, според истражувањето. Во почетокот на април 2020 година, дневните емисии паднаа на 83 милиони тони, што е намалување за 17 отсто, а во некои земји има пад од 26 отрсто во моментот кога се спроведуваа најстрогите мерки. Доколку условите до средината на јуни се исти како пред пандемијата, дневните емисии во 2020 година ќе бидат за четири проценти пониски отколку во 2019 година, а доколку останат ограничувања ширум светот до крајот на годината, емисиите на СО2 би можеле да се намалат на седум проценти, што би бил најголемиот годишен пад на емисиите од крајот на Втората светска војна. зш/

Остани поврзан