• сабота, 21 декември 2024

Глобална недела на претприемништво од 16 до 22 ноември

Глобална недела на претприемништво од 16 до 22 ноември
Скопје, 14 ноември 2020 (МИА) - Од 16 до 22 ноември годинава виртуелно ќе се одржи Глобалната недела на претпримништво (ГНП), еднонеделна иницијатива која се случува истовремено во 170 земји ширум светот и поврзува над 10000 партнери во активности насочени кон промоција на претприемништво, зајакнување на партнерства и основање нови релации за подобрување на условите за развој на претприемништво во сите земји. Оваа година четирите теми на ГНП се стекнувањето претприемачки вештини во рамки на формалното и неформалното образование, инспирирањето на заедниците и организациите да остваруваат подобра соработка која ќе овозможи основа на претприемачите за скалирање на нивните бизиси, намалување на бариерите за основање бизниси особено за младите и жените т.е. поттикнување на инклузивноста во бизнисот и квалитетно креирање политики како соработка меѓу екосистемот и Владата. Домаќин на Глобалната недела на претприeмништво во земјава е асоцијацијата Стартап Македонија, а настанот може да се следи на Facebook #GEW2020 #innovation LinekdIn #GEWInclusion #startups Twitter #GEWЕducation #entrepreneurships Instagram #GEWPolicy #GEWEcosystem . вј/ац/  

Остани поврзан