• недела, 24 ноември 2024

„Гласен текстилец“ достави економски мерки до министерствата и пратеничките групи

„Гласен текстилец“ достави економски мерки до министерствата и пратеничките групи

Штип, 15 ноември 2021 (МИА) - Здружението Гласен текстилец“- Штип достави мерки за граѓаните и работниците не ги трпат последиците од  енергетската и економска криза.

Кристина Ампева од „Гласен текстилец“- Штип вели дека направиле анализа на состојбата во изминатиот период, во однос на значително зголемување на цените на прехранбените продукти и најавата за зголемување на цената на електричната енергија. Дописот со мерки е доставен до министерствата за економија, за труд и социјална политика и до пратеничките групи во Собранието на Република Северна Македонија.

-Бараме зголемување на минималната плата на 18.000 денариЗамрзнување на цените на прехранбените продукти, особено на основните намирници и да не се зголемува цената на електричната енергија. Да се направат и соодветни измени на Законот за додадена вредност со кои би се намалило плаќањето на ДДВ за физички и правни лица, вели Ампева.

Меѓу мерките кои ги предлага „Гласен текстилец“- Штип е и донесување на пакети со ваучери од страна на Министерството за труд и социјална политика за електрична енергија и прехранбени продукти до социјално загрозени семејства и лицата чиј личен доход не надминува над минималната плата утврдена согласно Законот.

-Бараме институциите ажурно и темелно да ги анализираат овие предлог економски мерки предложени од страна на Здружението „Гласен текстилец“, бидејќи се доведува во прашање егзистенцијата на многу фамилии и индивидуи во државата со неможност да си дозволат да ги набават основните намирници и да ја платат цената на електричната енергија, потенцира Ампева. вдј/мд/

Остани поврзан