• четврток, 26 декември 2024

Претставничкиот дом на САД се очекува да гласа за отповикување на Бајден

Претставничкиот дом на САД се очекува да гласа за отповикување на Бајден

Вашингтон, 13 декември 2023 (МИА) - Претставничкиот дом на САД денеска се очекува да гласа за официјализирање на истрагата за импичмент на американскиот претседател Џо Бајден.

Републиканците во Домот тврдат дека Бајден и неговото семејство незаконски профитирале од одлуките донесени од него додека бил потпретседател на Соединетите Американски Држави од 2009 до 2017 година.

Тие се фокусираа и на работите на Хантер Бајден, а не е јасно дали тој ќе се појави на сведочењето.

Белата куќа ги негираше обвинувањата и ја отфрли истрагата како политички мотивирана пред претседателските избори во 2024 година, на кои поранешниот републикански претседател на САД, Доналд Трамп е водечки кандидат покрај Бајден.

Републиканците во Претставничкиот дом планираат да гласаат денеска пред да влезат во тринеделен одмор во четврток, иако другите законодавни прашања остануваат нерешени, вклучително и нацрт-законот за безбедност на границите и дополнителна помош за Украина и Израел.

На 8 ноември, Комисијата за надзор на Претставничкиот дом издаде покана за Хантер Бајден (53) да сведочи зад затворени врати.

Хантер се понуди јавно да сведочи, а неговиот адвокат во писмо оцени дека републиканците користат седници зад затворени врати за, како што наведе, „да манипулираат, искривуваат факти и да ја  дезинформираат јавноста“.

Републиканците ја отфрлија понудата, велејќи дека Хантер Бајден мора прво да се појави на разговор зад затворени врати пред какво било јавно сведочење. паг/

Фото: ЕПА

Остани поврзан