• петок, 30 август 2024

Гладков: Четворица цивили повредени во украинското гранатирање на регионот Белгород

Гладков: Четворица цивили повредени во украинското гранатирање на регионот Белгород

 

Киев, 16 јули 2024 (МИА) - Четворица цивили се повредени во украинското гранатирање на градот Шебекино и селото Нова Таволжанка во Белгородската област, изјави гувернерот на овој регион во Русија, Вјачеслав Гладков.

Тој рече дека во Шебекино се оштетени стакла на две станбени згради, пет куќи и осум автомобили.

„Оштетен е и енергетски објект, гасовод и линии за снабдување со струја, поради што дел од градот е без струја“, додаде Гладков.

Регионот Белгород се наоѓа на западот на Русија, на границата со Украина, а од почетокот на рускиот напад врз Украина во февруари 2022 година, често е цел на гранатирање на украинските сили. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан