• сабота, 23 ноември 2024

Гладков: Четворица повредени во украинското гранатирање на рускиот пограничен град Шебекино

Гладков: Четворица повредени во украинското гранатирање на рускиот пограничен град Шебекино

Киев, 31 мај (МИА) - Украинските сили гранатираа руски град во близина на границата по третпат во една недела, при што се повредени четири лица и има оштетени згради и запалени возила, изјави денеска гувернерот на регионот, Вјачеслав Гладков.

„Две лица се хоспитализирани како резултат на артилерискиот напад врз Шебекино“, напиша гувернерот на Белгород на Телеграм.

„Во гранатирањето, меѓу другото, оштетени се прозорци и покриви на станбена зграда од осум ката, четири куќи и едно училиште“, додаде Гладков.

Тој во понеделникот објави дека се погодени два индустриски објекта во градот. Во саботата, тој рече дека бил под артилериски оган додека се обидувал да влезе во градот, кој се наоѓа на околу седум километри северно од границата со Украина.

Белгород, кој се граничи со украинскиот регион Харков, во последните месеци е се почесто напаѓан од украинските сили. паг/

Фото: Телеграм

 

 

 

Остани поврзан