• вторник, 12 ноември 2024

Главчев: Република Северна Македонија треба да ги исполни своите обврски за да напредува на патот кон ЕУ

Главчев: Република Северна Македонија треба да ги исполни своите обврски за да напредува на патот кон ЕУ

Брисел, 28 јуни 2024 (МИА) - Република Северна Македонија треба да ги исполни преземените обврски за да напредува на патот кон Европската унија. Ова го изјавил бугарскиот вршител на должноста премиер Димитар Главчев на Самитот на ЕУ, соопшти прес-службата на неговиот кабинет.

Главчев, во Брисел, ја отворил темата во врска со случувањата во државава во последните недели. Тој, како што пренесува БТА, укажал на „сериозните предизвици што се појавуваат во однос на европската перспектива на земјата кандидат за членство во ЕУ“. 

При пристигнувањето на првиот ден од Самитот на ЕУ во Брисел, вчера Главчев рече дека „очекува Северна Македонија да ги почитува договорите“ и дека „ќе ги потсети европските колеги какви обврски беа преземени уште на 18 јули 2022 година кога беше усвоена Преговарачката рамка“.

- Во декември 2023 година тоа беше малку поконкретизирано и фокус беше ставен на уставните измени. Во последно време слушаме изјави од партиски лидери, но и од владини раководители во Република Северна Македонија дека нема да се извршат такви измени, рече Главчев. аа/вг/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан