• вторник, 24 декември 2024

Главниот обвинител на Украина: Очекуваме нов ужас во Бородјанка

Главниот обвинител на Украина: Очекуваме нов ужас во Бородјанка
Киев, 4 април 2022 (МИА) - Градот Бородјанка ќе биде најтешко погоден од руската инвазија во регионот на Киев. Ова го изјави украинската главна обвинителка Ирина Венедиктова во интервју за украинската телевизија. Според неа, бројот на жртвите во градот ќе биде поголем отколку на кое било друго место во Украина. Бородјанка се наоѓа на околу 23 километри западно од Буча, каде на фотографиите по повлекувањето на руските трупи се гледаат голем број тела на цивили кои лежат на улиците. Според Венедиктова, многу од акциите на руската војска во регионот на Киев може да се оквалификуваат како злосторства против човештвото. Украинските власти вчера објавија дека ги истражуваат наводните злосторства на руските сили во областите околу Киев. гт/

Остани поврзан