• вторник, 24 декември 2024

Главниот обвинител на Либан нареди ослободување на притворените во истрагата за експлозијата во пристаништето во Бејрут

Главниот обвинител на Либан нареди ослободување на притворените во истрагата за експлозијата во пристаништето во Бејрут

Бејрут, 25 јануари 2023 (МИА) - Главниот либански обвинител Гасан Овејдат денеска нареди ослободување на сите осомничени приведени во истрагата за разорната експлозија што се случи во пристаништето во Бејрут во 2020 година и поднесе обвинение против истражниот судија.

Овејдат го обвини истражниот судија Тарек Битар дека ја обновил истрагата во понеделникот и покрај приговорите што ја запреле, злоупотреба и пречекорување на овластувањата, работа што е во спротивност со неговите прерогативи, а исто така му забранил патување.

Одлуката беше донесена откако судијата Битар во понеделникот повторно ја отвори истрагата за експлозијата во пристаништето по 13-месечен застој поради приговорите на политичарите обвинети во истрагата, вклучително и главниот обвинител.

Битар денеска соопшти дека одлуката на главниот обвинител за ослободување на приведените е незаконска и дека се залага за завршување на истрагата. 

„Обвинителот Овејдат не може да го тужи судијата кој претходно го обвини во истрагата поради конфликт на интереси“, се вели во соопштението.

Овејдат во декември 2020 година објави дека се повлекува од каква било вмешаност во истрагата за експлозијата поради неговите врски со обвинетиот поранешен министер и пратеник Гази Цајтер.

Седумнаесет затвореници беа во притвор со месеци по експлозијата што се случи на 4 август 2020 година. Речиси 3.000 тони амониум нитрат, користен за вештачко ѓубриво, експлодираа, при што загинаа 218 луѓе, повредени беа повеќе од 6.000, а без оштетени големи делови од либанскиот главен град. рп/

Остани поврзан