• четврток, 26 декември 2024

Главната вечер на фестивалот „Таксират“ ќе се одржи вечерва во арената „Борис Трајковски“

Главната вечер на фестивалот „Таксират“ ќе се одржи вечерва во арената „Борис Трајковски“

Скопје, 7 декември 2023 (МИА) - Во рената „Борис Трајковски“ вечерва ќе се одржи главната вечер на фестивалот „Таксират“, со што ќе биде затворено јубилејното 25-то издание на македонскиот алтернативен музички фестивал.

Публиката ќе има прилика да ужива во повеќе од 10 концерти и настапи кои паралелно ќе се одвиваат на три бини, а на кои ќе се претстават скоро 20 музички изведувачи.

-Главната вечер годинава ги собира резидентите, имињата потпишани зад најмасовните концерти, артистите кои дефинираа жанрови, но и станаа белег на „Таксират“ или уште поважно, музичката екипа која во моменти одигра значајна улога во опстојувањето на фестивалот. Покрај нив, скопската Арена „Борис Трајковски“ вечерва е збирно место и на новата генерација, актуелниот бунтовен звук, но и светската алтернативна, транскултурна електронска сцена, стои во соопштението на „Пасворд продукција“.

На листата како изведувачи се Кирил Џајковски, „Даб Ефекс“ од Австралија, „Ејсид Араб“ од Франција, како и „Дубиоза Колектив“, „С.А.Р.С.“, Страјк, „Смат“, „Лет 3“ и други.

Влезот за посетителите, соопштуваат од Пасворд продукција, ќе биде отворен во 19:30 часот, а почетокот на програмата ќе биде во 20:30 часот. ра/бак/

Фото: Пасворд продукција

Остани поврзан