• четврток, 26 декември 2024

Гитаристката Александра Кировска одржа концерт на класична гитара во Гевгелија

Гитаристката Александра Кировска одржа концерт на класична гитара во Гевгелија
Гевгелија, 14 септември 2021 (МИА) - Младата, 20 годишна, Александра Кировска од Скопје, ги воодушеви многубројните љубители на музиката кои синоќа дојдоа да го проследат нејзиниот прв солистички концерт на класична гитара што се одржа во салата на Народниот театар во Гевгелија. Кировска е студентка на Факултетот за музичка уметност во Штип, во класата на професор Дејан Лазаревски, а пред гевгеличани се претстави со изведби кои се движеа од делата на Бах преку лирски теми на Мирослав Тадиќ, сè до нејзини лични аранжмани на познати музички теми. Вели дека нејзината основна мисија е да докаже преку концерти дека хеви метал композициите, и тоа како, може да звучат поинаку кога се изведуваат на класична гитара и најави оти на есен се подготвува да сними видео за нејзината прва авторка композиција. им/ар/

Остани поврзан