Гилџус-Александар ќе го пропушти Ол-старот
- Најдобриот кошаркар на Оклахома Сити тандер, Шеј Гилџус-Александар, ќе отсуствува две недели поради истегнување на стомачен мускул, објави инсајдерот Шамс Чаранија.
Лос Анџелес, 5 февруари 2026 (МИА) – Најдобриот кошаркар на Оклахома Сити тандер, Шеј Гилџус-Александар, ќе отсуствува две недели поради истегнување на стомачен мускул, објави инсајдерот Шамс Чаранија.
Дваесет и седумгодишниот Канаѓанец се здоби со повредата на натпреварот со Орландо (128:92) и нема да игра викендот на сите ѕвезди во НБА.
Временскиот рок за закрепнување ќе биде одреден подоцна. Тој ќе биде подложен на повторна евалуација по НБА „Ол-стар“ викендот.
Гилџус-Александар играше во 49 натпревари од регуларната сезона на НБА оваа сезона, со просек од 31,8 поени, 4,4 скока и 6,4 асистенции.
Ол-стар 2026 во НБА-лигата на распоредот е од 13-15 февруари во Лос Анџелес. зс/
Фото: ЕПА