• среда, 25 декември 2024

Гигс се врати во англискиот фудбал

Гигс се врати во англискиот фудбал

Салфорд, 13 март 2024 (МИА) - Рајан Гигс се врати во фудбалот и ја презема функцијата директор за фудбалски работи во Салфорд, пренесуваат британските медиуми. 50-годишниот поранешен играч на Манчестер Јунајтед во поголемиот дел од актуелната сезона работи во тимот од четвртата лига.

Гигс е еден од сопствениците на Салфорд, заедно со поранешните соиграчи Ники Бат и Гери Невил.

Тоа е прва работа за Гигс, кој се повлече од селекторската функција во репрезентацијата на Велс во 2022 година.

Минатиот јули, Рајан Гигс беше ослободен од обвиненијата за семејно насилство од неговата поранешна сопруга.

- Тој има незавршена работа во фудбалот, изјави за медиумите на Островот неименуван роднина.

Гигс има 13 титули во Премиер лигата со Јунајтед. Напаѓачот е двократен шампион на Европа кај „црвените ѓаволи“.

Салфорд е град во северна Англија, кој се наоѓа на 5 километри од Манчестер. дс

Фото: Архива

Остани поврзан