• сабота, 23 ноември 2024

Гејт: Рамнодушноста кон геноцидот во Газа е срам за целото човештво

Гејт: Рамнодушноста кон геноцидот во Газа е срам за целото човештво

Каиро, 7 март 2024 (МИА) - Генералниот секретар на Арапската лига, Ахмед Абул Гејт изјави дека „луѓето во Појасот Газа се подложени на геноцид и дека е вистински срам за целото човештво да остане рамнодушно на ваквото страдање“.

Гајт се обратил на состанокот на министрите за надворешни работи на Арапската лига што се одржа во Каиро, главниот град на Египет.

- Она што се случува во Газа може да се опише како срам за целото човештво, кое е рамнодушно додека Палестинците умираат од глад, бомбардирање и снајперски куршуми, рече Гејт.

Тој предупреди дека луѓето од Појасот Газа се изложени на „брутална геноцидна војна и депортација од регионот“.

– Израел користи гладување и го одложува влегувањето на помошта за Палестинците во Газа за овие луѓе да попуштат, рече Гејт.

Тој истакна дека единствениот начин да се запре она што се случува во Газа е „да се ограничи израелската воена машина и да се спроведат меѓународните закони за човекови права“.

Гејт нагласи дека депортацијата на Палестинците од нивната територија е целосно неприфатлива.

На 26 јануари, по тужбата за геноцид поднесена од Јужноафриканската Република, Меѓународниот суд на правдата пресуди дека Израел мора да се воздржи од какви било активности поврзани со убиства, напади и уништување на жителите на Појасот Газа и да ги преземе сите мерки за да спречи геноцид.

Израелските сили продолжуваат да го напаѓаат Појасот Газа во кој од 7 октомври досега беа убиени 30.800 Палестинци. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан