• петок, 27 декември 2024

Гешев: Операцијата за откривање на групата за шпионажа во Бугарија е „невидена“

Гешев: Операцијата за откривање на групата за шпионажа во Бугарија е „невидена“

Софија, 20 март 2021 (МИА) - Државното обвинителство соопшти дека е откриена криминална група за шпионажа во корист на Русија. Таа била раководена од поранешниот шеф на бугарското воено разузнавање, кој во 1970-тите дипломираше на училиштето ГРУ во поранешниот Советски сојуз, кого Обвинителството го нарече „резидент“. Тој регрутирал лица кои имале пристап до класифицирани информации важни за Бугарија, ЕУ и НАТО, јави дописникот на МИА од Софија.

Главниот бугарски обвинител, Иван Гешев, во интервју за приватната телевизија бТВ, ја оцени операцијата за откривање на групата за шпионажа во корист на Москва како „невидена во поновата историја на земјата“.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Гешев посочува дека со откривањето на групата ангажирана во шпионажа во Бугарија, „бил нанесен тежок удар врз дејствијата на руските разузнавачи во Бугарија и најверојатно нема да може да се опорави следната година“. Иван Гешев ги спореди постапките на откриената група во Бугарија со оние на т.н. „Петорка од Кембриџ“ од Втората светска војна. Три лица, кои работеле во британските безбедносни служби, успеале да избегаат. „Тука еден од обвинетите во Бугарија направи обид, што се покажа како неуспешен. Според некои параметри, овие два случаи се слични, во нешто се разликуваат. Но, ова е единствениот аналог“, вели главниот обвинител на Бугарија. За своите активности, групата може да добие најстрога казна доживотен затвор и доживотен затвор без право на помилување. Досега само еден од уапсените дал целосни признанија за активностите на шпионската група, која е следена од бугарското контраразузнавање ДАНС од октомври 2021 година. нк/

Остани поврзан