• петок, 27 декември 2024

Гешев: Не може сите проблеми во државата да се префрлаат на судството

Гешев: Не може сите проблеми во државата да се префрлаат на судството

Софија, 15 јули 2020 (МИА) - Главниот обвинител Иван Гешев на почетокот на седницата на Пленумот на Врховниот судски совет, посветена на усвојување на позицијата за институционална реакција по повод нападот врз независноста на судството во последните неколку дена, ги повика членовите да го поддржат меѓуинституционалниот дијалог, почитувањето на владеењето на правото и на одвојувањето на власта. 

Главниот обвинител рече дека усвојувањето на декларацијата не претставува израз на поддршка за обвинителството, ниту пак напад на другите власти во земјата. Тој најави дека нема да учествува во гласањето и во дебатата, но ги повика членовите на ВСС да гласаат по убедување и да не ја политизираат дебатата.

- Ова е државен пристап и Пленумот треба да го усвои. Не може сите проблеми во земјата да се префрлаат на судството. Одговорност имаат и другите власти, во зависност од нивната функционална надлежност, рече Гешев.

По кратка дебата, усвоена е декларацијата предложена од Советот. паг/

Остани поврзан