• недела, 01 септември 2024

Герaсимовски: Подземните гаражи кај Дом на градежници ќе ги оспособиме за паркирање

Герaсимовски: Подземните гаражи кај Дом на градежници ќе ги оспособиме за паркирање
Скопје, 10 октомври 2021 (МИА) - Горан Герасимовски кандидатот за градоначалник на Центар од СДСМ и коалицијата вечерва ги претстави проектите пред граѓаните кај Домот за градежници. Герасимовски порача дека во реонот ќе има ново зеленило, но и решавање на проблемот со подземните гаражи. -Свесен сум дека во овој дел од општината најголем проблем е паркирањето. Затоа планираме да го решиме проблемот со подземните гаражи кои зјаат празни. Граѓаните овде не може да паркираат поради малото растојание на столбовите. Ние ќе ги исчистиме и ставиме во функција овие гаражи со што ќе добиеме повеќе места за паркирање за резидентните станари, изјави Герасимовски. Тој рече дека во изминатиот период кај Градски ѕид општината го реконструирала детското игралиште, се сменила урбаната опрема, се поставиле нови клупи и централно зеленило, а се асфалтирала и велосипедската патека. -Општина Центар продолжува посветено да работи во сите маала за сите потреби на граѓаните затоа верувам дека на 17 октомври ќе гласате за бројот 12 и ќе ја одберете вистинската опција за најдоброто за општина Центар, изјави Герасимовски. ац/

Остани поврзан