• петок, 25 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Германскaта министерка за надворешни работи пристигна во ненајавена посета на Киев

Германскaта министерка за надворешни работи пристигна во ненајавена посета на Киев

Киев, 1 април 2025 (МИА) - Шефот на германската дипломатија Аналена Бербок денеска пристигна во украинската престолнина Киев во посета која не беше однапред објавена јавно од безбедносни причини, јави ДПА.

„Украина е подготвена веднаш да склучи договор за прекин на огнот“, изјави Бербок.

„Мораме да дадеме јасни гаранции дека следната германска влада ќе продолжи со својата голема поддршка за Украина“, додаде таа.

„Поради застојот во преговорите меѓу САД и Русија, од стратешко значење е ние, Европејците, да покажеме дека стоиме зад Украина без 'ако' или 'но' и дека сега повеќе од кога било го поддржуваме Киев“, рече шефицата на германската дипломатија во Киев. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан