• сабота, 28 декември 2024

Германското обвинителство обвини четворица наводни членови на Хамас

Германското обвинителство обвини четворица наводни членови на Хамас

Карлсруе, Германија, 25 ноември 2024 (МИА) – Германското федерално јавно обвинителство во денеска покрена обвинение против четворица наводни членови на Хамас, уапсени кон крајот на минатата година, за членство во странска терористичка организација.

Канцеларијата во западниот град Карлсруе соопшти дека тие биле активни со години како странски оперативци на Хамас и „заземале важни позиции во организацијата со директни врски со водачите на военото крило“.

Тројца од мажите беа уапсени во Берлин и еден во холандскиот град Ротердам минатиот декември. Оттогаш тие се во истражен притвор, јави ДПА.

Лицата, меѓу другото, се обвинети дека биле вмешани во формирање и одржување складишта за оружје за Хамас во Европа.

Во соопштението на обвинителот се вели дека членовите на милицијата ги поставиле местата за складирање во различни европски земји пред извесно време со цел да се подготват за можни напади врз еврејските институции во Европа. јт/

Остани поврзан