Германското вештачење за пожарот во тетовската болница готово, се чека преводот на извештајот
- Експертите и истражителите од Сојузната криминалистичка полиција од Германија по неколкумесечното вештачење за пожарот во тетовската модуларна болница на 8 септември 2021 година изработиле из
Тетово, 17 јануари 2022 (МИА) - Експертите и истражителите од Сојузната криминалистичка полиција од Германија по неколкумесечното вештачење за пожарот во тетовската модуларна болница на 8 септември 2021 година изработиле извештај кој во петокот е доставен до Јавното Обвинителство. Според информациите од тетовското обвинителство, извештајот допрва ќе се разгледува и одлучува за понатамошните постапки, а причината за тоа е што е на германски јазик.
- Извештајот е на седум страници и на германски јазик. Денеска е дадена наредба да се направи превод на извештајот. Кога ќе биде завршен преводот и кога ќе го добиеме ќе одржиме колегиум ние петте обвинители кои го водиме случајот за да утврдиме што понатаму и дали ќе се објавуваат делови за јавноста, изјави за МИА, Бесир Алиу, основен јавен обвинител во Основно Јавно Обвинителство (ОЈО) Тетово.
Пожарот, во кој животите ги загубија 14 лица, како што објави Обвинителството во октомври лани според вештачењето на МВР настанал како последица на запален продолжен кабел, на кој бил приклучен дефибрилатор-апарат за реанимација, полнач за мобилен телефон и уште еден уред.ас/фф/