• среда, 25 декември 2024

Германските системи „Патриот“ наредната седмица во Полска

Германските системи „Патриот“ наредната седмица во Полска

Берлин, 20 јануари 2023 (МИА) - Германската армија в понеделник ќе започне со распоредување на првиот од трите системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ во Полска, како зајакнување на источното крило на НАТО, јави ДПА.

Системите „Патриот“ треба да бидат лоцирани во областа на градот Замошк во југоисточна Полска на околу 60 километри од украинската граница, а процесот на нивно преместување ќе започне од германскиот град Гнојен.

Германски воен персонал е стациониран во Полска од 16 јануари, со задача да обезбеди примопредавањето на системот на полските сојузници.

Откако проектил падна на полска територија во средината на ноември, тогашната германска министерка за одбрана, Кристин Ламбрехт, и нејзиниот полски колега, Мариуш Блашчак, се согласија да преместат германските системи за воздушна одбрана „Патриот“ во Полска.

Блашчак предизвика сериозно незадоволство во Берлин, бидејќи малку подоцна предложи тие да бидат стационирани во Украина. На крајот стана јасно дека трите системи ќе пристигнат во Полска. аб/

Остани поврзан