• вторник, 24 декември 2024

Германските возови до 2040 година ќе преминат на биогорива 

Германските возови до 2040 година ќе преминат на биогорива 
Берлин, 6 февруари 2022 (МИА) -  Германската железничка компанија Дојче Бан денеска соопшти дека сака целосно да ги отстрани дизел горивата од своите возила и да ги замени со биогорива до 2040 година. - Од оваа година, нашите 3.000 дизел возила постепено ќе се префрлаат на алтернативни горива, соопшти денеска извршниот директор Рихард Луц. - Покрај насочувањето кон 100 отсто зелена енергија, постепеното елиминирање на дизелот до 2040 година е еден од нашите централни еколошки планови, додаде тој. Компанијата има намера да се потпре на биогоривата, меѓу другото, кои ќе се произведуваат од отпаден материјал, така што производството на гориво нема да влијае на производството на храна. Што се однесува до новите возила, компанијата соопшти дека во иднина ќе купува само водородни или електрични мотори на батерии. Подружницата која се занимава со превоз на товар, ДБ Карго, објави слични цели во средината на јануари, вклучително и локомотиви кои можат да избираат помеѓу дизел и електричен погон и затоа можат да работат на електрифицирани линии, но и онаму каде што не се достапни. ссм/

Остани поврзан