• вторник, 24 декември 2024

Германскиот првак Баер се засилува

Германскиот првак Баер се засилува


Леверкузен, 19 јули 2024 (МИА) – Францускиот напаѓач Мартин Терие (27) е нов член на германскиот фудбалски шампион Баер Леверкузен, додека искусниот камерунски дефанзивец Жоел Матип е на прагот да му се приклучи на клубот.
Терие доаѓа во редовите на Баер откако беше член на француски Рен во последните четири години.
Францускиот фудбалер потпиша петгодишен договор со Баер, а неговиот поранешен клуб треба да добие околу 25 милиони евра обесштетување.
„Мојата желба беше да се преселам во голем клуб во странство во Европа по седум години како професионалец во Франција“, изјави Терие за клупската веб-страница.
На чекор до трансфер во Баер е и Камерунецот Матип (32), кому му истече договорот со Ливерпул.
Матип мина осум години на „Енфилд Роуд“, а претходно настапуваше за Шалке.
Германскиот шампион летово веќе ангажираше двајца играчи. Шпанскиот играч за врска Алеис Гарсија пристигна од Жирона за 18 милиони евра, додека францускиот дефанзивец Жануел Белосијан пристигна од Рен за 15 милиони евра. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан