• сабота, 29 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Германскиот парламент ќе биде осветлен ноќе и покрај апелот за штедење струја

Германскиот парламент ќе биде осветлен ноќе и покрај апелот за штедење струја
Берлин, 11 јули 2022 (МИА) - Германскиот парламент одлучи да го задржи надворешното осветлување на зградата на Рајхстагот во Берлин во ноќните часови и покрај повиците да се штеди електрична енергија во земјата, јави ДПА. Портпаролот на Бундестагот рече дека внатрешното осветлување ќе се намали, главно во салите и просториите. „Надворешното осветлување ќе остане непроменето поради безбедноста на комплексот, која мора да продолжи да се гарантира“, додаде тој. Слободната демократска партија, која е дел од владината коалиција, на крајот на минатата недела праша дали ноќното осветлување е неопходно и за други важни локации во Берлин, вклучително и Бранденбуршката порта, градското собрание и други. Комитетот во Бундестагот го одобри планот за заштеда на енергија, со кој ќе се намали ладењето во лето и загревањето на просториите во зградата во зима. паг/  

Остани поврзан