• четврток, 26 декември 2024

Германскиот олимписки фудбалски тим го напушти теренот по расистичка навреда

Германскиот олимписки фудбалски тим го напушти теренот по расистичка навреда
Вакајама, 17 јули 2021 (МИА) - На пријателскиот натпревар помеѓу олимписките репрезентации на Германија и Хондурас, дојде до скандал. Средбата во јапонскиот град Вакајама беше прекината во 85. минута при резултат 1:1. Репрезентацијата на Германија целосно го напушти теренот по расистичката навреда од играч на Хондурас кон дефанзивецот Џордан Торунариги. На Олимписките игри во Токио, Германија ќе игра во групата Д со Бразил, Брегот на Слоновата коска и Саудиска Арабија. Хондурас ќе игра во групата Б со Кореја, Нов Зеланд и Романија. Олимпискиот турнир во фудбал започнува на 22 јули. зс/

Остани поврзан