• четврток, 26 декември 2024

Германскиот министер Рот изрази сочуство за жртвите во пожарот во Тетово

Германскиот министер Рот изрази сочуство за жртвите во пожарот во Тетово
Берлин, 9 септември 2021 (МИА) - Германскиот министер за Европа, Михаел Рот во објава на Твитер изрази сочуство до семејствата и блиските на жртвите во синоќешниот пожар во модуларната болница во Тетово. - Страшна трагедија во Тетово во Северна Македонија. Наше длабоко сочувство до семејствата и пријателите на жртвите кои ги загубија нивните животи. Нашите мисли се со повредените, наведе Рот во објавата на Твитер. сп/

Остани поврзан