• недела, 24 ноември 2024

Германскиот концерн Рајнметал со намера да произведува оружје и муниција во Украина

Германскиот концерн Рајнметал со намера да произведува оружје и муниција во Украина

Берлин, 10 мај 2023 (МИА) - Најголемиот германски концерн за оружје „Рајнметал“ има намера во иднина во Украина да произведува муниција, опрема за противвоздушна одбрана и тенкови, пишува весникот „Ханделсблат“.

Армин Папергер, извршен директор на компанијата со седиште во Дизелдорф, рече дека „Рајнметал“ има намера да склучи голем број договори за соработка и заедничко вложување со украинските компании во следните неколку недели.

„На овој начин, на Украина и даваме можност на среден и долг рок да може да се одбрани“, рече тој и додаде дека инвестициите во нови погони ќе дојдат од украинската држава.

Како пример, тој го посочи постоечкиот план за изградба на борбени тенкови „Пантер“ во Украина.

„Рајнметал“ очекува да произведува до 400 машини годишно.

Папергер рече дека разговорите со Киев за проектот биле „ветувачки“. паг/

 

 

Остани поврзан