• четврток, 26 декември 2024

Германскиот конзул обвинет за убиство на својот сопруг во Бразил побегнал во Германија

Германскиот конзул обвинет за убиство на својот сопруг во Бразил побегнал во Германија
Рио де Жанеиро, 30 август 2022 (МИА) - Германскиот конзул обвинет за убиство на својот сопруг во Рио де Жанеиро го напуштил Бразил и се вратил во Германија, информираше Судот, издавајќи наредба да биде прогласен за бегалец од страна на Интерпол. Уве Херберт Хан беше уапсен на 6 август затоа што наводно го убил својот сопруг во домот, а потоа се обидел да го прикрие злосторството. Тој пред властите изјавил дека на неговиот сопруг, белгиски државјанин, Волтер Хенри Максимилијан Биот, му било лошо претходната ноќ, се онесвестил и фатално ја удрил својата глава. Но, според полицијата, по анализи на телото и станот на двојката, утврдено е дека Биот бил жестоко претепан. Хан, кој со Биот бил венчан 20 години, се обидел да го исчисти местото на злосторството пред да пристигне полицијата, а потоа на полицајците им кажал оти неговиот сопруг доста пиел и земал таблети за спиење, пишуваат локални медиуми. Хан беше уапсен, но судија го ослободи откако истече рокот за Обвинителството да поднесе барање за продолжување на негово задржување. Нему му беше дозволено да го задржи пасошот, па тој замина за Германија. Обвинителството негира дека легалниот рок бил истечен и вчера го обвини за убиство. бд/сд/

Остани поврзан