• недела, 24 ноември 2024

Германскиот извоз во април со најголем пад во последните 70 години

Германскиот извоз во април со најголем пад во последните 70 години
Берлин, 9 јуни 2020 (МИА) - Германската трговија опадна значително во април под влијание на пандемијата на коронавирус, а извозот на најголемата економија во Европа падна со највисока стапка за последните 70 години, покажаа податоците на германската канцеларија за статистика Дестатис, објавени денеска. Извозот падна за повеќе од 24 проценти на месечно ниво, а увозот за 16,5 проценти, наведува Дестатис. На годишна основа, извозот падна за 31,1, што е најголем пад на извозот откако Дестатис започна да собира податоци за надворешната трговија во 1950 година. Аналитичарите очекуваа извозот во април да падне 15,6 проценти во однос на претходниот месец, кога падна за 11,7 отсто. Падот на увозот беше во согласност со предвидувањата. паг/  

Остани поврзан