• четврток, 26 декември 2024

Германска влада: Украина ги исполнува условите да преговара за пристапување во ЕУ

Германска влада: Украина ги исполнува условите да преговара за пристапување во ЕУ

Берлин, 30 мај 2024 (МИА) - Германската влада соопшти дека Украина ги исполнила условите за реформи неопходни за започнување на дискусии за пристапување во Европската унија, јави ДПА.

-Според германската влада, Украина ги исполнува сите услови за да може да ги започне преговорите за влез во ЕУ во јуни. Затоа бараме сите земји-членки брзо да постигнат договор за преговарачката рамка, изјави за ДПА германската државна министерка за европски прашања, Ана Лирман.

Во декември, лидерите на ЕУ се согласија да ги отворат пристапните преговори за Украина и ја потврдија својата посветеност да продолжат да даваат силна поддршка за Киев и украинскиот народ онолку долго колку што е потребно.

Сепак, последниот извештај на Европската комисија покажа дека Украина не успева да спроведе некои реформи, особено во борбата со корупцијата и заштитата на малцинствата, па државите се согласија дека сите барања за реформи треба да се исполнат пред да започнат преговорите.

Амбасадорите на ЕУ планираат да се состанат следната недела за да разговараат за рамката за разговорите. Унгарија се смета за можна пречка. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан