• среда, 25 декември 2024

Германска Влада: Нема мораториум за извоз на оружје во Израел

Германска Влада: Нема мораториум за извоз на оружје во Израел

Берлин, 19 септември 2024 (МИА) - Германската Влада ги отфрли медиумските извештаи според кои Германија повеќе не издава дозволи за извоз на оружје за Израел, пренесе ДПА.

„Нема мораториум за извоз на оружје за Израел и нема да има“, одговори на прашањето на ДПА портпаролот на Министерството за економија во Берлин.

Портпаролот на Министерството појасни: „Сојузната влада носи одлуки за издавање дозволи за извоз на оружје во секој поединечен случај, имајќи ги предвид надворешнополитичките и безбедносни услови.“

Тој истакна дека Германија ја зема предвид тековната состојба, вклучувајќи ги нападите на Хамас и Хезболах врз Израел, како и операциите во Газа.

Министерката за надворешни работи, Аналена Бербок, на 11 септември изјави дека Германија прави сѐ за поддршка на израелската самоодбрана по нападите на Хамас на 7 октомври. Таа додаде дека Германија нема да поддржи ништо што го крши меѓународното хуманитарно право. ссм/

фото: архива

Остани поврзан