• четврток, 24 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Германската полиција уапси осомничени за трговија со луѓе

Германската полиција уапси осомничени за трговија со луѓе

Берлин, 9 април 2025 (МИА) - Неколку стотици германски полицајци денеска приведоа осомничени трговци со луѓе при претреси извршени на различни локации во Германија и Чешка, јави ДПА.

Во претресите на домови и можни бордели учествувале околу 800 германски полицајци. Операцијата опфати 25 адреси во 10 германски покраини и шест во Чешка.

-Уапсените се осомничени дека убедувале жени да се занимаваат со проституција, соопшти германското Министерство за внатрешни работи.

Портпаролот на органите за спроведување на законот рече дека криминалната мрежа носела жени од Виетнам во ЕУ користејќи лажни визи и ги принудувала на проституција.

Операцијата беше спроведена во координација со Европол и во голема мера е завршена.

Истрагата е насочена кон бандите кои шверцувале луѓе во Велика Британија преку Данска.

Од октомври 2023 година, германската полиција уапси повеќе од 2.000 шверцери на луѓе, а бројот на луѓе фатени како илегално ја минуваат границата падна од 40.000 на 10 илјади во текот на изминатата година.

-Контролата функционира, изјави германската министерка за надворешни работи Ненси Фезер.

Таа нагласи дека дополнителните назначувања во органите на прогонот одиграле улога во случајот.

-Во последните години ја зајакнавме федералната полиција за илјада позиции, објасни таа. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан