• сабота, 28 декември 2024

Германската влада нарача 18 нови тенкови Леопард 2 од најновата модификација

Германската влада нарача 18 нови тенкови Леопард 2 од најновата модификација

Берлин, 26 мај 2023 (МИА) - Германската влада нарача 18 нови борбени тенкови Леопард 2А8 - најновата модификација на тој модел, објави германскиот производител на оружје Краус-Мафеи Вегман по потпишувањето на договорот, јави ДПА.

Склучениот рамковен договор вклучува опција за нарачка на дополнителни 105 единици од компанијата КМВ.

Во средата буџетската комисија на германскиот Парламент одобри издвојување на 525 милиони евра за нарачката.

Првата серија на нови тенкови Леопард 2А8 ќе ги замени 18-те модифицирани тенкови Леопард 2А6 кои Германија и ги предаде на Украина. Според производителот од Минхен, испораките се очекува да започнат во 2025 година.

Германската влада, исто така, нарача 12 хаубици „Panzerhaubitze 2000“ од КМВ - уште едно оружје, од кои некои Берлин му ги достави на Киев. Соодветниот договор беше потпишан во март.

Тенковите Леопард 2 се произведуваат од 1978 година и многупати се модернизирани. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан