• среда, 27 ноември 2024

Германката Пехштајн влегува во историјата

Германката Пехштајн влегува во историјата
Берлин, 11 јануари 2022 (МИА) – Четириесет и девет годишната натпреварувачка во брзо лизгање Клаудија Пехштајн ќе стане првата жена, која ќе настапи на осум олимписки игри, откако легендарната спортистка се најде во составот на германскиот олимписки тим за претстојните Зимски олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг. Пехштајн воедно е најуспешната германска спортистка на ЗОИ со девет медали, од кои пет златни. На олимписката сцена дебитираше во Абервил 1992 и оттогаш ги пропушти само Игрите во Ванкувер 2010, кога безуспешно се бореше на суд против обвиненијата за користење допинг средства. ЗОИ 2022 се на програмата од 4 до 20 февруари во кинескиот главен град. ег/гт/

Остани поврзан