• сабота, 23 ноември 2024

Германија ќе ја продолжи граничната контрола за уште најмалку два месеци, изјави министерката за внатрешни работи Ненси Фесер

Германија ќе ја продолжи граничната контрола за уште најмалку два месеци, изјави министерката за внатрешни работи Ненси Фесер

Берлин, 8 декември 2023 (МИА) - Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фесер најави дека по 15 декември ќе биде продолжена граничната контрола со Полска, Чешка и Швајцарија за најмалку два месеци, јави ДПА.

- Нашите мерки даваат резултати. Нашата борба против бескрупулозниот бизнис на трговците со луѓе, кои брутално ги загрозуваат човечките животи, беше успешна, рече таа. Фиксните и мобилни проверки имаа значителен ефект откако беа воведени во октомври, ограничувајќи ја илегалната миграција во Германија и олеснувајќи го товарот на локалните власти.

Во понеделникот Фесер ја продолжи граничната контрола до 15 декември. Според податоците на МВР, од воведувањето на мерките на 16 октомври досега откриени се околу 3.300 нерегуларни влезови, а спречени се 1.100. „Ова значи дека овие мерки функционираат и ќе продолжат на ист начин“, изјави портпаролот на одделот. ссм/

фото: архива

Остани поврзан