• недела, 24 ноември 2024

Германија ќе го легализира канабисот од 1 април

Германија ќе го легализира канабисот од 1 април

Берлин, 2 февруари 2024 (МИА) - По долга борба, партиите од германската владејачка коалиција ги договорија последните детали за легализацијата на канабисот, објави ДПА.

Затоа, законот може да стапи на сила на 1 април, најавија заменик-претседателите на пратеничките групи Дагмар Шмит (ГСДП), Марија Клајн-Шмајнк (Зелени) и Константин Куле (СВП) по последната рунда преговори во Берлин.

-Прописите се вистинска пресвртница за модерна политика за дроги која ја зајакнува превенцијата и ја подобрува заштитата на здравјето, децата и младите, велат тие.

Во иднина, возрасните ќе можат да одгледуваат канабис дома и да поседуваат мали количини. Од 1 јули на клубовите ќе им биде дозволено заедничко одгледување.

Формално, законот треба да биде усвоен од Бундестагот во неделата почнувајќи од 19 февруари. Потоа ќе биде донесен во Бундесратот на 22 март, каде што не се очекува да има пречки.

Сепак, од 1 април, забраната за канабис што е на сила повеќе од 40 години е речиси сигурно дека ќе биде укината, наведува Агенцијата.

Законодавството беше договорено во ноември, но имаше долги дискусии во коалицијата за заштита на младите луѓе, при што еден пратеник изрази стравување дека „луѓето буквално ќе пушат трева на секој агол“.

Законот останува непроменет, освен што неговата ефикасност треба да се ревидира во неколку фази. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан