• сабота, 23 ноември 2024

Германија ја зголемува цената на јавниот превоз

Германија ја зголемува цената на јавниот превоз

Берлин, 23 септември 2024 (МИА) - Цената на популарната карта, воведена минатата година, која им овозможува на луѓето да користат локални и регионални возови, автобуси и подземна железница низ цела Германија, ќе се зголеми за околу 18 проценти следната година.

Министрите за транспорт од 16-те германски покраини се согласија дека цената на „Deutschlandticket“, која изнесуваше 49 евра месечно откако стана достапна во мај 2023 година, треба да се зголеми на 58 евра на почетокот на 2025 година.

„Со оваа цена ќе ја задржиме атрактивноста на картата и ќе ја поставиме финансиската основа на поцврсти темели“, рече Оливер Кришер, министер за транспорт на покраината Северна Рајна-Вестфалија. Тој додаде дека одлуката покажува дека регионалните власти сакаат да останат на успешниот модел на „Deutschlandticket“ и да го развиваат понатаму. Околу 13 милиони луѓе во Германија ја користат оваа карта. ссм/

фото: архива

Остани поврзан