• среда, 25 декември 2024

Германија уапси вработен во армијата, осомничен за шпионажа за Русија

Германија уапси вработен во армијата, осомничен за шпионажа за Русија

Берлин, 9 август 2023 (МИА) - Германски државјанин идентификуван само како Томас Х. е уапсен денеска во Кобленц под обвинение дека се обидел да шпионира за Русија, а неговиот стан и работното место биле претресени, соопштија федералните власти.

Германскиот сојузен обвинител во кратка писмена изјава наведе дека човекот работи за германската војска, во Канцеларијата за опрема, информатичка технологија и сервисна поддршка на Армијата.

Од мај тој човек во неколку наврати самоиницијативно се обратил до рускиот конзулат во Бон и до руската амбасада во Берлин, нудејќи соработка.

Истрагата е водена во соработка со Федералната канцеларија за воено контраразузнавање и домашната разузнавачка служба на Германија, Сојузната служба за заштита на Уставот. паг/

Фото: МИА архива


  

 

Остани поврзан