• недела, 24 ноември 2024

Германија со буџетски дефицит од 3,2 отсто во првото полугодие

Германија со буџетски дефицит од 3,2 отсто во првото полугодие
Берлин, 25 август 2020 (МИА) - Германската економија падна за 9,7 проценти во вториот квартал, како резултат на падот на приватната потрошувачка, инвестициите и извозот поради пандемијата Ковид-19, соопшти денеска Заводот за статистика „Дестатис“, ревидирајќи ја првичната проценка. „Дестатис“ претходно во својата проценка на БДП објави дека германската економија паднала за 10,1 процент во периодот април-јуни. Германија има буџетски дефицит за првата половина од годината од 51,6 милијарди евра, што е еднакво на 3,2 отсто од вкупното производство. Ова се должи на јакнењето на нејзината економија по првите удари на пандемијата на коронавирус, покажуваат официјалните податоци. паг/

Остани поврзан