• понеделник, 29 јули 2024

Германија по трет пат до трофејот на ЕП за фудбалери до 21 година

Германија по трет пат до трофејот на ЕП за фудбалери до 21 година
Љубљана, 7 јуни 2021 (МИА) – Германската фудбалска репрезентација го освои Евро У21 по трет пат. Во решавачкиот натпревар на Европското првенство за млади, синоќа во Љубљана, Германија ја совлада Португалија со 1:0. Повеќе трофеи од Германците во оваа категорија фудбалери, имаат само Италија и Шпанија. Тие по пет пати биле европски шампиони. На ЕУРО 2017, исто така Германија стана победник, а во 2019 година загуби од Шпанија. зс/

Остани поврзан